Голем број луѓе присуствуваа на хуманитарната забава за помош што во организација на Лајонс клубот „Лихнидос“ и млади музичари од градот се одржа синоќа во кафе „Ликвид“. На хуманитарниот настан ќе настапат: Камелеон, Бекдорбенд, Бетис буб, Но фан и Хај 4.
Средствата собрани од влезниците и донации, ќе бидат донирани за помош на 15-месечната Мила, која боледува од дистрофија и на која итно и е потребна операција во Кина.
“Во име на членовите на ЛК Лихнидос, упатувам благодарност на Ликвид кафе и на сите бендови што несебично го донираа своето време и талент во хуманитарни цели.” – изјави адвокат Драги Николоски, член на клубот и иницијатор на идејата.
Охриѓани уште еднаш ја покажаа својата хуманост
OhridNews


















