Во текот на вчерашниот ден, на граничните премини „Богородица“ и „Меџитлија“ пријавени биле пет кражби на регистарски ознаки од возила на македонски туристи.

На граничниот премин „Меџитлија“, кражба на регистарски ознаки пријавила и охриѓанка која управувала патничко моторно возило марка „Опел Астра“ со охридски регистарски ознаки, а летувала во местото „Олимпик Бич“. Овој случај како и останатите четири биле пријавени во грчката полиција.

Исто така на преминот „Меџитлија“ биле пријавени и две оштетувања на регистарски таблички на кои бил оштетен кодот „МК“, односно бил прекриен со црн спреј. Со црн спреј биле забележани и оштетувања и на едно од возилата, на предниот дел на хаубата и на задниот дел поточно на вратата од гепекот со натпис „СЛАВ “. Настанот се случил во туристичкото место „Лептокарија“.

Инаку, како што претходно МВР ја информираше јавноста, годинава во два наврати беа регистирани оштетувања на возила и кражби на регистарски таблици на македонски граѓани, така што досега бројот на оштетни возила и регистарски ознаки достигна до три, а украдени се регистарски таблички вкупно од седум возила на македонски туристи.

OhridNews