Охриѓанката Натали Башоска која живее во Њујорк, каде што студира филмска режија, деновиве објави интересен видео запис на кој може да се види колку во денешно време луѓето се окупирани и зависни од смартфоните.

Испирацијата за видеото кое е насловено „This is a video of you“, Башоска ја црпи од секојдневието на луѓе од различни генерации. Видеото е снимено на повеќе јавни локации во Њујорк.

OhridNews