Со победничка песна охриѓанки го напуштаат Кочани, откако на стартот на шампионатот забележаа убедлива победа против истоимениот лигаш со 4-1.


Охриѓанки имаа предност по првото полувреме и тоа со погодокот на Алексиоска. По одморот, веднаш на стартот на вториот дел домаќинките го изедначија резултатот.

Тогаш на сцена стапи Крстаноска која со со хет трик ги отпиша домашните, осигурајќи го победничкиот старт во лигата.

Во наредното коло на домашен терен “Билјанини Извори“ ќе игра против тимот на “Истатов“.

Ohridnews