Втора победа на кошаркарките Билјана 006 кои убедливо на гостувањето во Куманово го совладаја истоимениот прволигаш со 74-49.

Прашањето околу победникот го решија уште во првите десет минути кои ги добија со големи 26-9.

Како по правило најпрецизна на мечот беше Балазоска која застана на 33 поени. Кузеска постигна 20 поени,во листата се запишаја и Анѓеловска 3,Булоска 6,Николоска 2,Миладиновска 2,Ј. Кузеска 2,Рајчиноска 2.

На останатиот натпревар на ова второ коло Наркон Балкан беше поразен од И.К. Младинец со 87-38. Натпреварот помеѓу Вигор и Студент беше одложен.

М.П.