На 08.07.2026 година во 22.30 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, лишено од слобода е 32-годишно лице од Охрид. Тој, управувајќи патнички автомобил „Ренџ Ровер“ со чешки национални ознаки, не го сопрел возилото по даден знак од полициската патрола туку избегал и по дополнително преземени активности, бил застанат, информираат од СВР Охрид.
Притоа, полициските службеници во возилото забележале 44-годишно лице од Охрид кој веднаш проголтал опаковка со наркотична материја по што, му се влошила здравствената состојба. Од страна на полициските службеници, повикана е Итната медицинска помош со чие возило охриѓанецот е пренесен во Општата болница во Охрид. Таму, и покрај преземените медицински мерки, тој починал, посочуваат од СВР Охрид.
Додаваат дека по наредба на јавен обвинител, денеска ќе биде извршена обдукција во Општата болница во Битола. По насоки на јавен обвинител, се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
OhridNews










