Охриѓаните Коста Трифуноски, Димитар Велјаноски и браќата Кирил и Климент Гашоски на 4-тите спортски игри во Велес што се оддржаа од 03 до 07 јуни 2025 година, ги освоија сите сјајни одличја во спортот изненадување на игрите – текбол.
Во поединечна конкуренција каде настапија 13 играчи, Кирил Гашоски го освои првото место, Климент Гашоски беше втор, додека третото место му припадна на Коста Трифуноски.
Во двојки учество зедоа 16 парови. Во големото финале се сретнаа екипите на Општина Охрид (Коста Трифуноски и Димитар Велјаноски) и Гостилница “Кај Мече” (Кирил и Климент Гашоски). Победи екипата на Гостилница “Кај Мече” со 2:1 во сетови.
Споменатите играчи ќе земат учество и на турнирот од Јадранската Текбол Лига што ќе се оддржи во Охрид на 14 јуни 2025 во организација на Јадранската Текбол Лига од Црна Гора, Подгорица во соработка со Општина Охрид и ГФК Охрид Лихнидос.
Г.М.