Непосредно пред затворање на избирачките места, Општинската изборна комисија во Струга добила дојава за инцидент во селото Јабланица. Имено, како што ни изјави претседателот на ОИК Струга, Џенгис Хани, изборниот одбор од Јабланица ја информирал општинската комисија дека била искршена гласачка кутија.

По ова претставници на ОИК Струга се упатиле кон Јабланица, со цел да утврдат за што точно се работи.

Подетални информации за инцидентот ОИК Струга најави за подоцна.

OhridNews