ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, донесе одлука за објавување Повик за кандидирање за членови на Комисии на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид. Како што велат од партијата, целта на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид е да ги искористи сите можни потенцијали за креирање на политики со кои ќе се подобри животот на граѓаните.
– Цениме дека со овој Повик ќе создадеме уште подобра база за квалитетен напредок и ќе бидеме уште поотворени за граѓаните. Со тоа ќе се изврши кадровско доекипирање на ОК, негово зацврстување и отворање на вратата на партијата за способните, мотивираните и луѓето со висок капацитет кои ќе придонесат за нашата заедничка цел, за подобар Охрид, велат од ОК на ВМРО ДПМНЕ.
Повикот се однесува на 18 комисии, меѓу кои и за економија и инвестиции, правни работи, безбедност, образование, здравство.
Кандидатите за Членови на Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ потребно е да се членови на ВМРО-ДПМНЕ. Кандидатите пополнетите материјали треба да ги достават најдоцна до 28.05.2018 година во Седиштето на О.К на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид или преку електронска пошта на: [email protected]
OhridNews












