ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, бара од локалната самоуправа доследно, одлучно и неселективно спроведување на одлуката за уривање на дивограградбите на територија на Општина Охрид, дотолку повеќе, како што истакна денеска на прес конференција партискиот портпарол Перчо Божиноски, на тоа градот е обврзан со препораките на УНЕСКО.
Опозциската партија смета дека не само што не се уриваат дивоградбите, туку никнуваат и нови, зад кои, како што рече Божиноски, постојат сомнежи дека стојат функционери на власта.
За жал воопшто нема искрени намери за справување со нелегалните градби, и по сите најави за конечно функционирање на правото. Во последниот скандал кровот на зграда во близина на градскиот пазар станува нов спрат. Зошто Георгиески молчи и не одговара дали е дивоградба спратот изграден на кровот од зградата? Дали Георгиески прикрива дека овој скандал води до актуелна советничка во Советот на општина Охрид од владејачкото мнозинство? – праша Божиноски.
ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид бара локалната власт да постапи по законите и да ја сруши дивоградбата.
OhridNews












