Додека народот се чуди како да плати сметки, Крлеска-Деспотоска кажува приказни и лаги во кои повеќе никој не верува. Вака ОК ВМРО ДПМНЕ возврати на прес конференцијата на претседателката на ОО СДСМ Охрид Кристина Крлеска-Деспотоска, посветена на економските политики на владата во време на криза.

Крлеска-Деспотоска да се заврти надесно и нека го праша Директорот на државното претпријатие ,,Колектор” колку и дали цената на колекторот е поскапена двојно? Нека се заврти налево и нека ја праша Жаклина Лазаревска колку е поскапена цената на струјата, на горивата, на плинот? Но може да ја сфатиме Крлеска-Деспотоска дека не чувствува економска криза бидејќи Владата за едни дели пари и враќа долгови на блиски фирми до неа за разлика од обичните граѓани. Во нивниот паралелен свет тече мед и млеко, а во реалниот свет на обичните граѓани има беспарица, невработеност и сиромаштија која расте. – велат од ВМРО ДПМНЕ.

Од ВМРО ДПМНЕ бараат Крлеска-Деспотоска да одговори дали поскапената цена на струјата ќе значи и поскапување на водата за пиење?

Сите знаат дека СДСМ ја покачи цената на струјата за 30% само Крлеска-Деспотоска не. Да ја потсетиме дека ефектите од нивните лоши политики се поголема сиромаштија, уништен стандард, најнизок раст на економија и зголемен долг. Што да се очекува од истите луѓе, истите лаги, истото потценување на граѓаните. Предвремени парламентарни избори за да се ослободат државните институции од канџите на СДСМ. – стои во реакцијата на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.

OhridNews

Крлеска Деспотоска: Во време на глобална криза платите во земјава растат значително и многу побрзо со СДСМ