Членови и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ вечерва се собраа пред седиштето на Општинскиот комитет во Охрид да го изразат својот револт од како што рекоа, непринципиелната политика на СДСМ и да предупредат на опасноста која и се заканува на државата доколку Заев формира влада со поддршка на партиите на Албаниците и безусловно ги прифати нивните барања.
-Нема да дозволиме двојазичност, разнебитување, федерализација и други тајни работи кои ги прави СДСМ и партиите на Албанците. Ние тука го креваме гласот и кажуваме дека постоиме, враќање нема ние ќе застанеме на браникот на татковината. Упатуваме апел до сите граѓани да се освестат бидејќи се работи за постоењето на Македонија. – истакна на протестот Љубен Арнаудов, претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид. Тој пред присутните прочита проглас за Македонија и нејзината иднина.
Волјата на македонскиот народ и националниот интерес и мора да се почитуваат порачаа oд собирот ветераните на ВМРО ДПМНЕ.
-Таковината ни се наоѓа во опасност, ние основачите на партијата ќе застанеме во првите борбени редови и нема да дозволиме ниедна мајка во црно да завиткаме. Имаме верба во ситемот, државата и во македонскиот народ. – рече Тане Маркоски, член на ВМРО ДПМНЕ.
ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид најави дека ќе го мобилизира целото свое членство , а протестите ќе продолжат и ќе бидат помасовни, како и дека нема да дозволат да бидат загрозени интересите на државата и на македонскиот народ.
Протест на ОК ВМРО ДПМНЕ во Охрид
Г.М.















