Ѕвездата на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, планира да потпише продолжување на договорот на максимални пет години за сума од од 260 милиони долари кога тимот ќе му ги понуди тие услови во јули, објави „The Athletic“.
Претходно беше објавено дека управата на Нагетс телефонски контактирала со Јокиќ, а центарот потврдил дека е задоволен од тоа каде се движи тимот.

Јокиќ втора сезона по ред беше прогласен за МВП на лигата. Српскиот 27-годишен кошаркар имаше просек од 27,1 поен, 7,9 асистенции и 13,8 скока по натпревар.
Нагетс ја завршија регуларниот дел од сезоната со 48 победи и 34 порази, но беа елиминирани во првото коло од плејофот од Голден Стејт.










