Кошаркарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ е прогласен за најкорисен играч (МВП) за регуларниот дел од сезоната во НБА лигата. Српскиот интернационалец е прв центар после Шекил О`нил кој ја добива оваа награда.

Информацијата за МВП наградата Јокиќ ја прими во друштво од соиграчите од комесарот Адам Силвер. Јокиќ се израдува, но не еуфорично, а наградата ја посвети на тимот.

Ова е моја индивидуална награда, но заслугата е тимска, – кратко изјави Јокиќ.

 

Србинот е најслабиот пик (41) кој некогаш се закитил со МВП наградата.

OhridNews

 

Никола Јокиќ е МВП во НБА лигата