На едно просечно честиричлено семејство во април 2014 година му биле потребни 32.059 денари или околу 520 евра само за да ја покрие минималната синдикална потрошувачка кошничка, пресмета Сојузот на синдикати на Република Македонија.
Според табеларниот приказ од ССМ, за месец април биле потребни:
13.527 денари за Исхрана и пијалоци
10.216 денари за Домување
2.191 денари за Хигиена
2.339 денари за Превоз
2.049 денари за Облека и обувки
1.070 денари за Култура
663 денари за Одржување на здравје
Инаку според последните пресметки на Државниот завод за статистика просечната нето плата во Република Македонија изнесува 20.941 денари.
OhridNews