Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со многу емоции им се обрати синоќа на новинарите во Париз по триумфот над Рафаел Надал и пласманот во финалето на Ролан Гарос.

Оваа победа е една од најдрагите и најголемите во мојата кариера. Дефинитивно тоа беше еден од моите трите највозбудливи натпревари и најдобар што го имам одиграно на Ролан Гарос, имајќи ги предвид квалитетот на тенисот и поддршката која доаѓаше од трибините и за мене и за него, – изјави српскиот тенисер по големиот триумф над кралот на земјените терени и 13-кратен освојувачот на Грен-слем турнирот во Париз.

Ѓоковиќ синоќа по голема борба и четиричасовен врвен тенис го совлада Надал со 3-1 во сетови (3:6, 6:3, 7:6, 6:2) и обезбеди пласман во финалето на Ролан Гарос во кое в недела за противник ќе го има Гркот Стефанос Циципас.

– За него тоа ќе биде посебно искуство, бидејќи никогаш порано немал можност да игра грен-слем финале. Без дилеми, ме чека голема борба, порача Ѓоковиќ спроти утрешниот завршен натпревар на турнирот во Париз.

OhridNews

 

Ролан Гарос ќе добие нов шампион, Ѓоковиќ го симна Надал од тронот!