Владата на 69-та редовна седница, донесе одлука, забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата од јавен превоз од 13 мај 2021 почнува од 24:00 часот до 04:00 часот наутро наредниот ден.
Дозволено време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект – само летни тераси, градини, а не во затворениот дел, е до 23:30 часот, почнувајќи од 12 мај 2021 година, објави Владата на својот фејсбук-профил.

Вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите, почнувајќи од утре.

OhridNews












