Од Фондот за здравствено осигурување и министерството за здравство информираат за неколку олеснувања за граѓаните кои се однесуваат на постапката за поднесување барање за издавање на електронска здравствена картичка.

Пензионерите кои веќе ги доставиле податоците до матичните лекари нема потреба да доаѓаат во ФЗОМ и повторно да поднесуваат барање. За таа цела ќе биде испратено известување до сите матични лекари дека дека претходно собраните барања од осигурениците за ЕЗК што поскоро да ги достават до ФЗОМ.

Следното олеснување се однесува на категоријата на граѓани кои се на возраст над 70 години, како и за изнемоштени лица, кои ќе имаат можност да се јават на бесплатниот телефонски број 0800 33 2222. Иако немаат доставено документи за ЕЗК,ќе можат  да побараат документацијата да им биде преземена од нивните домови.

До сега се изработени околу 90 0.000 електронски здравствени картички, а во фаза на изработка се околу 2 00.000 ЕЗК за осигуреници и членовите осигурани преку нив. Месечно, во просек се изработуваат помеѓу 120.000 до 150.000 електронски здравствени картички. Целта е до 30.06.2013 година целосно да се стави во функција електронската здравствена картичка.

За оние кои нема да достават барање до 30 јуни 2013 година, ќе теба лично да дојдат во ФЗОМ и да си ги подигнат сините картони , при што ќе треба да го пополнат и писменото барање за издавање на ЕЗК.