Јужноафриканскиот олимпиец Оскар Писториус во несреќен случај ја убил својата девојка. Таа сакала да го изненади за денот на вљубените, но Писторуис помислил дека се крадци во куќата и испукал два куршими кои завршиле во рамото односно главата во неговата поубава половина.

Полицијата го привела Писториус и дополнително ќе го објави расплетотот на истрагата. Писториус се прослави на последните Олимписките игри откако се натпреваруваше на 400 метри со две ампутирани нозе.

Мх.П.