Олимпискиот шампион Рилов суспендиран поради поддршка на Путин
22.04.22 11:48
Светската пливачка федерација (ФИНА) го суспендираше двократниот олимписки првак во пливање Евгениј Рилов поради поддршка на рускиот претседател Владимир Путин.
Суспензијата е во траење од девет месеци, а како причина е наведено присуството на Рилов на митингот на 8 март во Москва, по повод годишнината од руската анексија на Крим. Меѓу говорниците на стадионот „Лужники“ беше и Путин, а ФИНА го протолкува присуството на Рилов како јасна поддршка за рускиот претседател.
Рилов на Олимписките игри минатото лето во Токио ги освои златните медали на 100 и 200 метри грбно, како и сребро во штафетната трка 4×200 слободен стил.
Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди Во вечерните часови и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд Ќе дува умерен, а попладне наместа повреме...
Актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот куп ГРК Охрид направи голем чекор кон осминафиналето, совладувајќи го литвански Драгунас Клаипеда со 30:19 (13:7) во првиот натпревар од третото коло Иако нат...
Охрид Лихнидос ја совлада струмичка Беласица со 2:1 во натпреварот од 12 коло во Втората македонска фудбалска лига и ја задржа лидерската позиција на табелата Охриѓани поведоа со автоголот н...