Амбасадата на Израел во земјава во соработка со Општина Охрид организираат онлајн обуки за рибарство на тема „Интензивно одгледување на риби“.
Обуките се организирани од Израелската агенција за меѓународна соработка-МАШАВ и Центарот за земјоделски обуки-МАТЦ и се наменти за професионалци од надлежните институции, универзитетите, истражувачките институти, приватните компании и невладините организации од областа на рибарството. – информира локалната самоуправа.

Он-лајн обуките ќе бидат организирани во периодот од 26.11-17.12.2020 година и ќе се одвиваат на англиски јазик. Сите лица кои се заинересирани за учество на обуките, можат да достават пополнета апликација до Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид на електронската адреса [email protected] заклучно со 12.11.2020 година (четврток). – стои во повикот.
OhridNews











