Во чест на 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба делегација на СДСМ – Охрид во состав: Жаклина Лазаревска, пратеник, Елизабета Русеска, член на ЦО на СДСМ и Игор Јорданов, член на ИО на ОО СДСМ – Охрид, се поклона и положи свежо цвеќе пред спомениците на паднатите борци во Градскиот парк.

На овој ден се потсетуваме на основоположниците на македонското револуционерно движење, кои беа водени од своите идеали и принципи и преголема желба за формирање слободна македонска земја, сон остварен дури по НОБ и револуцијата. Честит празник 23 Октомври! – порачаа од ОО СДСМ Охрид.

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите граѓани им го честита големиот државен празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Шесте великани на 23 октомври 1893 во Солун ги удрираат темелите на македонската револуционерна борба. Христо Татарчев, Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи-Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев ги поставуваат темелите на Организацијата, која ќе стане симбол на борбата на Македонците за слобода и своја татковина – Македонија. И по 127 години оддаваме почит на сите борци за Македонија. – стои во празничното послание на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.

И покрај тешките искушенија, восхит и очајување, делби и меѓусебни конфронтации крајна цел на ВМРО била и останала секогаш – Македонија. Македонија поминува низ тешки искушенија, порази и очајувања, но сплотени продолжуваме напред за да го поразиме најголемото зло кое надвиснало над народот, истакнаа од ВМРО ДПМНЕ.

OhridNews