Значително се намалува бројот на пациенти со Ковид 19 во болниците. Во Охрид во моментов болнички се лекуваат само 25 пациенти позитини на коронавирусот, сите во Ковид центарот во Општата болница.

Деновиве беше затворен ковид центарот во Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“ во Охрид, која целосно се враќа на примарната дејност. Во оваа болница се лекуваа речиси 300 тешки случаи. Најголем дел од нив беа на кислородна поддршка, дел на неинвазивна механичка вентилација. Шестимина беа интубирани и поставени на инвазивна механичка вентилација, а двајца од нив успешно го завршија лекувањето, благодарение на тимот лекари на болницата за кардиоваскуларни заболувања, што претставува исклучителен успех.

Во моментов на инфективните одделенија во земјава од Ковид 19 се лекуваат 329 пациенти.

OhridNews

Видео: Болницата за кардиоваскуларни заболувања во Охрид го победи Ковид 19, последниот пациент вратен во живот од респиратор