Крстосницата помеѓу обиколницата  ,,Железничка” и улицата ,,Кленоец”, во близина на Автобуската станица и Kасарната, е едан од најпасните крстосници во Охрид.

Жителите на овој дел од градот, кои секојдневно ја преминуваат оваа раскрсница велат дека возилата по обиколницата се движат со голема брзина и дека ретко се почитува предноста на поминување.

-Овде секој вози на среќа, нама голема прегледност и сметаме дека овој проблем мора да се надмине пред да имаме жртви или повредени. Надлежните институции мора да бидат свесни дека овој дел од градот од ден на ден има се поголема фрекфенција на луѓе и возила и не треба да се става во втор план, велат возачите.

Тие сметаат дека сообраќајниот ред на оваа раскрсница може да биде воспоставен само со  изградба на  кружен тек или поставување на семафори.

OhridNews