Гранка од дрво опасно надвиснала над клупата во дворот на катедралната црква Св. Софија во Охрид. Постои опасност дел од дрвото секој момент да се скрши и да повреди некој случаен минувач. Поради тоа локалните жители го обезбедиле местото, а на клупата поставен е натпис кој предупредува на опсноста. Проблемот се чини можат да го решат надлежните служби, кои треба да ја отстранат опасната гранка, пред таа да повреди некого.


Опасност ги демне шетачите кај Св. Софија

Ohridnews
фото: Емилио