Времето енеска ќе биде облачно со врнежи претежно од дожд. Претпладне, локално ќе има и услови за замрзнат дожд. На планините врнежите ќе бидат главно од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде наместа ќе наврнат 40 литри на метар квадратен. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 7 степени Целзиусови, информира УХМР Македонија.

За време на викендот се уште ќе има повремен дожд претежно во западните делови, а само на планините над 2000 м.н.в. ќе има повремен снег. Во останатиот дел од земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во сабота ќе дува и повремено засилен западен ветер, поизразен на југот од земјава. Ќе настапи значително затоплување што ќе услови нагло топење на снежната покривка. 

OhridNews