Министерството за внатрешни работи деновиве објави едукативен текст за опасностите од аквапланинг (пролизгување на вода). Оваа појава е ноќна мора за возачите, па не е лошо да се потсетиме на опасностите и начинот на реакција при една таква несакана ситуација.
 
При силен дожд, аквапланингот ги онеспособува за управување дури и автомобилите што ги имаат монтирано најдобрите гуми.

 Аквапланингот преставува „ноќна мора“ за возачите – почетници во патниот сообраќај, бидејќи губат контрола над управувањето со автомобилот кога со голема брзина се движат по влажен коловоз.

Аквапланингот е сигурно еден од најнеомилените феномени од кои „косата им се дига на главата“ и максимално се зголемува адреналинот на возачите, ако во конкретната ситуација се извлечат без видлива последица по нив и возилото што го управуваат.

Аквапланингот се најавува со нагло олеснување на управувачот, со зголемување на вртежите на моторот –  ако е предна влеча, и се слуша како прска водата под автомобилот.

До него се доаѓа кога автомобилот се движи со голема брзина по влажен коловоз и во еден момент гумите не можат веќе да ја исфрлат водата преку каналите од шарите и притоа се формира „воден клин“, по што гумата почнува да се лизга. Тогаш повеќето возачи ја губат контролата врз возилото и ги фаќа паника, бидејќи не знаат што се случува.
Ако одненадеш се најдете во аквапланинг мамка, во никој случај не смеете да сопирате, туку само благо треба да ја притиснете папучата од кумплуг-спојката и држете го управувачот во правецот на возење. Тркалата не смеат ниту да блокираат, ниту да се завртени во погрешен правец, се додека не се поврати контактот со коловозот.
Најдобра работа што можете да ја направите кога возите при врнежливо време е да ја намалите брзината на движење, бидејќи при пониски брзини многу ретко доаѓа до аквапланинг.

Доколку не сакате да го доживеете овој непријатен феномен, следна важна работа е да не го управувате вашето возило со потрошени, стари гуми. Набавете гуми за дожд или барем со подлабоки канали во шарите, бидејќи овозможуваат подобра дренжа на водата при допир со влажниот коловоз.

За да се одбегне ризикот од аквапланинг мора постојано да се води сметка за степенот на нивната искористеност. Редовно да се проверува длабочината на шарите на сите гуми, се препорачува да се внимава на патот за да се откријат мамките на аквапланингот и да се  прилагоди брзината со која се управува возилото во услови врнежи мод дожд и на влажни коловози.
Автопатите и магистралните патишта се градат така што водата од дождот да истече што е можно побрзо, но и покрај тоа на неповолните места може да се создадат водени површини кои тогаш преставуваат општа мамка со аквапланинг. Но, нормите за изградба на патиштата не се почитуваат секогаш и мора да се биде подготвен на мамките од аквапланингот:
 
-Свиоци во кои се собира вода бидејќи одведувањето на водата до патот не функционира добро;
-Подвозници во кои е затната атмосферската канализација;
-Надолжни колотраги на асфалтот во кои се задржува водата;
-Многу широки патишта со повеќе сообраќајни ленти, на пример – клучки на автопати на кои и треба подолго време на водата да истече по целата широчина;
-Таканаречени „Ѕ“ свиоци чиј попречен нагиб се менува – на рамен дел на преминот од едниот во другиот свиок – се собира вода;
-Патишта покрај планински превои, во кои дождот го бара најкусиот пат во долината.
 
Кај возачите со поголемо возачко искуство, често пати има различни сваќања во поглед на користење на пошироките гуми во однос на потенките гуми при појава на аквапланинг.

И широките и тесните гуми имаат предности и недостатоци и оптимално се приспособени за различен начин на возење.
Широките гуми се еднакво добри и на мокро и на суво. При сопирање од 100 км/ч широките гуми сопираат за 5,2 м пократко, но аквапланинг се јавува веќе на 69 км/ч, додека тесните гуми возат низ вода без аквапланинг до 80 км/ч. Тесните гуми исто така искажуваат предност со поголем конфор и намалена бучава, додека широките гуми нудат подобри возни својства на сметка на конфорот и економичноста.

Аквапланингот како појава е опасен, а опасноста пропорцијално расте со големината на брзината на управување на моторното возило на влажни коловози или при обилни врнежи на дожд.

Препорачуваме, во услови на влажни коловози секогаш да се прилагоди брзината према условите и состојбата на патот и да се користи дефанзивен стил на возење.

Ohridnews
извор: МВР