Според податоците на МВР, вчера, околу 23,30 часот во Струга настанал пожар во џамијата „Мустафа Челеби“, при што изгорела церада (околу 20 квадрати) поставена на метална конструкција.

Пожарот настанал по заминување на околу 50-60 верници од џамијата. Висината на материјалната штета, како и причината за настанување на пожарот дополнително ќе бидат утврдени.

Увид на лице место извршила увидна екипа од струшката Полициска станица.

OhridNews