Во струшката полициската станица, вчера, во 13.30 часот, било пријавено дека има пожар во викенд куќа на место викано „Каланои куќи“ во село Вевчани.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, пожарот настанал на дива депонија, по што се проширил.

Пожарот, во 15 часот и 10 минути бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга.

OhridNews