Денес, во 2.30 часот во Полициска станица Струга, 55-годишен жител на село Октиси, пријавил дека околу 1 часот било опожарено неговото патничко моторно возило „Форд Фокус“, кое било паркирано во подрумските простории.

Од екипа на Противпожарна единица Струга пожарот е изгаснат. Извршен е увид на местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

OhridNews