Советниците од опозицијата со низа прашања во однос на Нацрт програмите за туризам и локален економски развој. Посебно беше ставен акцент на распрвата за проектот со кој се предвидуваат низа содржини на просторот кај касарната, но имаше и прашања во однос на проектот за поставување на 6 излози во стартата чаршија, како и за лидер програмата за руралното население од страна на советникот од опозицијата Ванчо Костоски.

Прашањата се однесуваа за начинот на кој се обезбедени средствата за адреналинскиот парк кој е донатор, кој ќе го одржува, дали се предвидени хонорари. Во однос на Smart Bike System, за чија цел ќе бидат набавени 60 смарт велосипеди, кои ќе бидат поставени на 10 паркинг места, вели дека 160 илјади евра се премногу предвидени средства предвидени за овие активности, па праша кој е донатор дали ќе има јавен повик за набавка и дали ќе има и други содржини предвидени со овој износ.

Што се однесува до поставувањето на 6-те излози во старата чаршија за кои се предвидени 1 милион денари, праша како се избрани овие излози, дали имаше јавен повик за истите, зошто имало неуспешни тендери и бил прекинат договорот со Министерство за економија? Во однос пак на програмата за лидер пристап дали ќе се преземат активности за поддршка на земјоделците при аплицирање за користење на ИПАРД фондовите.

Во Програмата е предвидена и Студија за технолошки рекреативен развој. Три од претходно споменатите проекти се предвидени во касарната. Дали е изготвен детален Урбанистички план за касарната? Студијата ќе се прави допрва. Значи прво ги реализираме проектите, па ќе правиме Студија. Дали има детален план? Мора да се направи една добра Стратегија кои содржини на кои позиции ќе бидат изградени на тој простор. Сега не треба да избрзаме со некои работи, бидејќи вакво земјиште во центарот на градот, нема пак да најдеме, додаде Костоски.

Претставникот од ТЛЕР Ѓоко Апостолов одговарајќи рече дека мора да се работи стратешки, додавајќи дека апсолутно се сложува дека ова е место каде треба да се гради стратешки, затоа и ќе се изработи физибилити студијата со стратегија и акционен план за технолошко рекреативен развој.

Активностите кои се веќе предвидени за имплементација воопшто нема да сметаат ако развојот на касарната согласно оваа Студија биде поинаков, зошто станува збор за објекти од времен карактер кои може да бидат дислоцирани доколку така биде предвидено со долгорочниот развој на Студијата. Сите активности се дел од проектот финансиран од страна на ЕУ преку програмата ЕУ за општините со вкупен буџет од 716 илјади евра. Авантуристичкиот парк, памп траката и системот за смарт велосипеди се буџетирани и одобрени од страна на строги комисии кои не одобруваат доколку нешто е пребуџетирано. Постои процедура која мора да се почитува при реализација на активностите во однос на буџетот, рече Апостолов.

Што се однесува до новите излози во старта чаршија тоа се готови проекти кои се добиени од Министерство за економија, но проектирањето на сумите било според нивните пресметки, па две години со ред имале објавено неуспешни тендери.

Според новото истражување на пазарот се виде дека треба да се додадат барем 300 илјади денари според новите цени, средства кои ги имавме во буџетот на општината. Тендерот беше успешен, но истече периодот на договорот со Министерство за економија. Сметавме дека е одлична активноста за промена на визуелниот изглед на чаршијата и затоа годинава со 100 процентно финансирање од буџетот на општина Охрид ќе ја релизираме оваа активност со веќе потпишан тендер, додаде Апостолов.

Во однос на Лидер програмата појасни дека истата е наменета за руралното населението и тоа се совпаѓа како дел од операционализација на стратегијата за ЛАГ, што е согласно Закон нешто што локалните самоуправи мора да го направат, односно да формираат. Оваа програма е потребна за да може да се аплицира  за добивање средства од странските програми. Да се надеваме дека самото формирање ќе придонесе за зголемен обем за аплицирање на проекти и нивно одобрување, додаде Апостолов.

Н.С.Ј.