Дивоградбите се тема на опозициските партии изминатите два дена. Денеска ВМРО ДПМНЕ на прес конфернција обвини дека проблемот со дивоградбите во Општина Охрид не се решава, а доколку се постапува, тоа е селективно и во дневно политички цели.
Зошто Георгиески броеше секунди за справување со дивоградбите кога сега вели дека општината немала доволно средства самата да се справи? Не постои никакво оправдување во услови кога милиони денари се кратат од капитални инвестиции да не се пренаменат средства за рушење. – истакна Перчо Божиноски од ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Нема решение за управување со отпадот, не се решава проблемот со депонијата во Буково, не е запрено уништувањето на трската, не се заштитува Охридското Езеро, а поради сето тоа останува загрозен статусот на Охрид во УНЕСКО. – додаде Божиноски.

Доколку е точно тврдењето на жителите на Трепејца, кој е тој вработен во ,,Националниот парк Галичица”, кој го штити и од каде му е храброста да гради во заштитен појас на НП Галичица? Зошто наместо да ги спроведувате препораките на УНЕСКО за рушење на дивоградбите, вам секојдневно ви никнуваат нови дивоградби? – прашаа од Левица.
OhridNews











