Општина :Критиките нема да не поколебаат да воспоставиме ред околу поставувањето на времени објекти
10.07.14 15:16
На подрачјето на Охрид од 2006 година до денес не е склучен договор помеѓу Општината и сопствениците на времените објекти за поставување на истите. За сите овие 8 години времените објекти поставени на територијата на Општина Охрид, законски гледано се нелегални објекти и тие мора да бидат отстранети. За целиот овој период нивните сопственици не уплаќале никакви средства на сметката на локалната самоуправа, бидејќи и немале законски основ да го сторат тоа, стои во реакцијата на локалната самоуправа по изнесеното од страна на сопствениците на времените објекти.
– Дел од оние кои поставиле времени објекти, користејќи го безредието кое владееше во општинските служби за време на минатата локална власт, склучувале најразлични апсурдни договори кои се противзаконски со некои од јавните претпријатија за поставување на времени објекти, кои пак во документите се нарекувале на пример- Информативни пунктови за туристи, а на лице место се отворале сендвичари за брза храна, велат од локалната самоуправа.
Оттаму додаваат дека општина Охрид без разлика на критиките кои преку медиумите ги изнесуваат сопствениците на нелегалните објекти, нема да се поколеба во намерата еднаш за секогаш да се стави ред и во оваа област, со цел поубав и подобар Охрид.
Во рамките на годишната програма и богатата културна понуда, НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид го најавува музичкиот настан „Циклус на концерти: Мозаик на жанрови“ Концертот ќе се одржи...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за 5,00 денар по литар, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, одлучи денеска Регулаторната коми...
Општина Струга соопшти дека во текот на наредните денови ќе започне акција за чистење на градот и ослободување на јавните површини од бесправно поставена урбана опрема Во рамки на оваа акција, ло...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.