„Општина Охрид ги отфрла неаргументираните критики кои опозициските партии ги изнесуваат во јавноста преку пишани соопштенија испратени во јавните медиуми, а кои ги оценуваме како безуспешен обид да се лаже јавноста со изнесување небулозни тврдења , обиди за правење мистерија од една јавна и транспарентна постапка и користење на името на градоначалникот Никола Бакрачески со единстрвена цел – веста во која ќе е соопштението да добие поголем публицитет во јавноста, се наведува во реакцијата на општина Охрид, по повод соопштението на ВМРО-НП.

„Тврдењата дека некој намерно го пропаднал првиот јавен повик,  за намерно да го обезвредни општинскиот имот е најблаго речено смешна, бидејќи општинскиот имот во Охрид е целосно обезвреднет, девлавиран, раскрчмен и ставен под хипотека како гаранција за непотребно земани кредити , токму во годините кога денешната опозиција владееше со Охрид, а дел од таа власт беше и ВМРО НП. Неразбирливи се критиките кои оваа партија ги упатува на новите услови кои ќе ги има Јавниот повик,  бидејќи целата јавност знае дека токму заради катастрофалните политики на порнешната коалиција која владееше со Охрид до 2013 година општината е оптоварена со долг од над 34 милиони евра, на кој се плаќа дневна камата од околу 14 000 евра и во една таква апокалиптична наследена економска ситуација новата власт мора да бара решенија кои ќе обезбедат инвестиции во градот, а се со цел тој економски да заживее и да излезе од колапсот во кој поранешната локална владеачка коалиција го остави.“ – велат од општина Охрид.

Оттаму информираат дека локалната самоуправа согласно законските прописи, ќе продолжи транспарентно да работи, односно да носи одлуки кои се тешки, но се единствени можни решенија за општината.

OhridNews