
„Трансферираните средства до училиштата за десетте месеци во 2013 година во висина од над 18 (осумнаесет) милиони денари, само ја покажуваат нашата посветеност и одговорност кон образовните институции и иднината на нашите деца, за разлика од СДСМ кој неможеше да обезбеди ниту транспорт на учениците до училиштата.“ – се вели во реакцијата на општина Охрид.
Од општина Охрид информираат дека средствата за отпремнини и солидарна помош изнесуваат 2.900.000 денари, што е помалку од износот на долгот за нафта за само едно училиште.
„Министерството за образование и навреме да ги исплатеше овие средства, тоа незначително ќе влијаеше на вкупната финансиска состојба во образовните институции.“ – информираат од општина Охрид.
Оттаму додаваат дека 80 отсто од наставниците кои досега биле ангажирани, останале на своите работни места.
„Кога сме веќе кај манипулациите, зошто СДСМ на каже дека во училиштата во градов во наставно-образовниот процес и понатака 80% од наставниците кои досега беа ангажирани, останаа на своите работни места, а отпаднаа оние кои не ги исполнија очекувањата. Но, главните карактеристики на политиките на СДСМ беа и останаа манипулациите. Кој знае, можеби во иднина нешто и ќе научат и ќе разговарме за реализирани проекти, одговорност и јасна и недвосмеслена отчетност, што во моментов се мислени именки за СДСМ.“ – велат од општина Охрид.
OhridNews











