Обвинувањата од општинската ВМРО ДПМНЕ дека состојбата во образованието е катастрофална, од локалната самоуправа ги оценуваат како манипулации и евтин популизам. Напоменуваат дека лоша била состојбата во која образованието било оставено по заминувањето на минатата локална власт.

Од општина Охрид потенцираат дека токму посебен акцент во 2019 е ставен на развој на образованието.

  • Веќе е започната постапка за јавна набавка во износ од 15 милиони денари за промена на азбесните кровови во основните училишта „Христо Узунов“, „Братство Единство“ во Лескајца, како и во подрачниот училишен објект на ОУ „Свети Наум Охридски“ во Елшани и подрачниот објект на ОУ „Григор Прличев“ во населбата Рача. Преку Центарот за развој на југозападниот плански регион започната е постапка за промена на столаријата во ОУ „Свети Климент Охридски“, а планирано е решавање на долгогодишниот проблем со прокиснување на кровот во објектот нагимнзијата „Свети Климент Охридски“. Исто така со средства на УСАИД и учество од општината, ќе бидат санирани санитарните јазли и ѕидови во училниците, ходниците и холот во ОУ „Ванчо Николески“ во село Лескоец. Со цел да се подобрат условите за одвивање на наставата во тек е и релизирирањето на проектот за изградбата на нова училишна спортска сала во ЕМУЦ „Свети Наум Охридски”, се наведува во реакцијата од локалната самоуправа.

Од локалната самоуправа со контра обвинувања до ВМРО-ДПМНЕ дека од нивна страна се штителе бизнис интереси со познати доверители и дека свесно дозволувале да бидат трошени средствата по разни основи, само да не се дозволи намалување на основниот долг кон, како што велат, омилениот доверител и намалување на неговиот годишен принос на камата.

  • Добро е да се знае декаво периодот кога Вие ја раководевте локалната власт, само по основ на камати истиот тој доверител го зголеми своето конто по основ на камати за  84.170.000 денари, односно дневно му била пресметувана камата во висина од 57.000денари. Би Ве запрашале господине Донев, кој беше договорот за вака свесно неизмирување на обрските кон омилените доверители? Без разлика дали ќе имате доблест да одговорите или не, важно е дека тој Ваш принцип на работа е завршен, со доаѓањето на оваа локална власт, велат од општина Охрид.

Оттаму, со потсетување дека со посветен и одговорен ангажман, долгот на општината е сведен на 535.000.000 денари, а со 64 доверители се постигнати спогодби за регулирање на долгот, а од 30-ти септември 2018-та година престанаа пресметките на камати по сите основи, за тие доверители.  Најавуваат дека согласно зацртаните акциски планови за раздолжување на општината, следната фаза е добивање на согласност од Министерството за финансии за задолжување кон домашни или странски доверители, со цел склучување на спогодби со останатите доверители.

  • Кога ќе заврши овој процес, конечно по 17 години, Општина Охрид ќе биде со одблокирана сметка. Финансиската стабилност ќе овозможи полесно функционирање и подобра иднина за општината, а ќе има повеќе средства за развојни и инфраструктурни проекти, стои во реакцијата од локалната самоуправа.

OhridNews