Општина Охрид одговори на нападите на портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Бичиклиски, кој на прес конференција во Скопје го обвини градоначалникот Петрески дека недомаќински потрошил пари за набавка на лускузно возило „Цитроен“ во време на економска криза. Ваквите обвинувања според портпаролот на општината, Никола Манески, се невистинити.

– Општина Охрид му благодари на господинот Бичиклиски за ревноста со која го следи прашањето за ребалансот на буџетот на локалната самоуправа од јули месец, со кој е предвидено меѓу другото и набавка на службено возило за потребите на општината и гостите кои доаѓаат во Охрид, а не за градоначалникот. Без да навлегуваме во неточностите во она што го пласира портпаролот на ВМРО ДПМНЕ му порачуваме со еден мал процент на интерес со кој го следи набавувањето на возилото да го следи и трошењето на народни пари за самофалење на актуелната власт и расфрлање со пари за реклами па дури и платени напади на опозицискиот лидер, ни изјави Никола Манески, портпарол на општина Охрид.

Ohridnews