Благодарение на брзата и професионална интервенција на охридската противпожарна единица, пожарот кој утрово окоу 9 часот избувна во помошните простории на студентски дом „Никола Карев“, за кусо време беше изгаснат, со што е избегната поголема трагедија.

По тој повод градоначалникот Александар Петрески, упати јавна честитка до пожарникарите кои успеаа за еден час целосно да го изгаснат пожарот, кој во спротивно можеше да предизвика огромна штета. Градоначалникот Петрески најави и награди за пожарникарите кои учествуваа во оваа акција.
Во гаснењето на пожарот учествувале 4 противпожарни возила.
OhridNews
фото: ЕМИЛИО