Со средства на турската владина агенција за соработка и координација Тика, ќе се гради и опреми нова училишна зграда во ОУ „Братство и Единство“.

По тој повод претставникот на Тика за Балканот и Источна Европа Махмут Чевик и градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски ќе потпишат протокол за соработка.

Претходно претставници на општината и Тика ќе го посетат ОУ „Братство и Единство“, a предвидена е и средба на градоначалникот Стојаноски и делегацијата на Тика.

OhridNews