Нејасно е како без ниту малку срам ја отвараат темата за УНЕСКО, кога многу добро знаат дека оваа локална и централна власт предвидена од СДСМ презедоа многу значајни чекори во рамки на заложбите за зачувување на статусот на светско природно и културно наследство, кој го поседува Охридскиот регион, за разлика од власта на ВМРО ДПМНЕ кои не само што не ги решаваа проблемите, туку и вешто ги сокриваа од јавноста. Ова, меѓу другото, стои во реакцијата на Општина Охрид на КРИТИКИТЕ на ВМРО ДПМНЕ дека незаконските градежни активности на крајбрежјето во Градиште не само што не се запрени, туку и продолжуваат.

Ги прашуваме дали толку лицемерно сакаат да ги лажат граѓаните, па почнале и самите да си веруваат во сопствените лаги и дали навистина не знаат дека забелешките и препораките од УНЕСКО дојдоа како резултат реактивната мисија за Охридско-Струшкито регион од 2017 година, кога ВМРО-ДПМНЕ имаше комплетна власт и на локално и на централно ниво? Што направија и какви мерки презедоа тогашниот градоначалник Никола Бакрачески и тогашниот премиер Никола Груевски за да го зачуваат статусот на УНЕСКО? Зошто не донесоа План за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион? Колку бесправни граби отстранија тие и колку диви градби никнаа во време на нивното владеење, кога подготвуваа мегаломански проекти и сакаа да изградат “парапетче” околу целото Охридско Езеро? – се вели во соопштението на Општина Охрид.

Во однос на отстранување на дивоградбите и искажаната загриженост, од Општина Охрид ги запрашаа во ВМРО ДПМНЕ зошто вчера не ја поддржале одлуката на Советот на Општина Охрид со која е предвидено обезбедување на 3 милиони денари од општинскиот буџет за отстранување на бесправно изградени објекти?

OhridNews

ВМРО ДПМНЕ: Кој дозволи да продолжи изградбата на ѕидот во Градиште?