Општина Охрид објави Јавен повик за поддршка на проекти за еднакви можности на жените и мажите
15.10.26 12:02
Врз основа на Програмата за еднакви можности на Општина Охрид за 2026 година, Акцискиот план како составен дел на Програмата, Буџетот на Општина Охрид за 2026 година и Правилникот за доделување средства за проекти и програмски активности од областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2026 година, Општина Охрид објави Јавен повик за поддршка на проекти за еднакви можности на жените и мажите за 2026 година.
Целта на јавниот повик е поддршка на проекти кои придонесуваат кон реализација на активностите од Акцискиот план за 2026 година, особено во насока на: унапредување на родовата еднаквост; економско и социјално јакнење на жените; зголемување на вработливоста на жените; унапредување на женското претприемништво; поддршка на жените од руралните средини; подобрување на пристапот до здравствени информации и превентивни активности; превенција од родово базирано и семејно насилство; превенција од булинг и сајбернасилство; унапредување на репродуктивното здравје; зголемување на учеството и лидерството на жените; како и промоција на родовата рамноправност во јавниот и културниот живот.
Вкупниот буџет за реализација на Програмата за еднакви можности на Општина Охрид за 2026 година изнесува 500.000 денари.
Право на учество имаат здруженија на граѓани, фондации и други непрофитни правни лица чии цели и дејности се поврзани со конкретната активност.
Пациентите со мултиплекс склероза нема да мора да патуваат за да ја подигнат или да ја примат терапијата на Клиниката за неврологија во Скопје Терапијата ќе ја добиваат поблиску до својот дом, одно...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 46-годишно лице од Охрид и 72-годишно лице од Лешани, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување...
Покрај обновувањето на охридската пастрмката Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја засилува заштитата и на јагулата, која е критично загрозен вид, рече при денешната посета ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.