Согласно Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2021 година и Правилникот за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Охрид за купување велосипед во 2021 година, општина Охрид објавува Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општината, за купување на велосипеди.
Општина Охрид, со цел да ги стимулира жителите на општина Охрид за користење на велосипеди, на граѓаните кои купиле или ќе купат нов велосипед во земјата од 01.01.2021 година се до завршување на јавниот повик 21.05.2021, ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на велосипед. – стои во објавата.

Право на учество има секое физичко лице кое ќе ги исполнува потребните услови од Јавниот повик кои може да се видат тука.
OhridNews











