Со богата програма Општина Охрид ќе го одбележи 23 Октомври, празникот што го симболизира стремежот за слобода, самостојност и национално достоинство.
Од идејата што ја разбуди националната свест, преку борбата што ја испиша историјата, до независноста што ја живееме денес – патот кон слободата останува трајна вредност, велат од Општина Охрид.
Програмата за одбележување на овој значаен датум од македонската историја започнува утре со промоција на ученичката поетска збирка „Тие доаѓаат“ (петта книга) со галеријата на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ со почеток во 11:30 часот.
Свечената академија „Од идеја до независнот“ ќе се одржи на 22 октомври од 19:00 часот на малата сцена при НУ Центар за култура „Григор Прличев“ каде предвидено е обраќање на претставник од Општина Охрид и културно-уметничка програма.
Следниот ден, 23 октомври, ќе биде положено цвеќе пред спомен обележјата на охридските револуционери во Градскиот парк во 11 часот, а во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата „Калдрма“ од м-р Никола Митровиќ-Бабе.
OhridNews
















