Реконструкцијата на улицата „Абас Емин“, која беше заборавена со децении, од кога почна да се изведува е предмет на препукувања на политичките партии и нивни инсталаци, што ги подели мислењста на граѓаните.
Работите на терен одат тешко и бавно поради сериозните проблеми, пред се со старите и дотраени инсталации. Тоа, пак, создава нервоза кај населението, кое бара поинтензивен ангажман од изведувачите на работите.

Сите досегашни градежни активности за реконструкција на улицата се одвиваа по предвидената динамика. По завршување на тендерската постапка за реконструкција на горниот строј на улицата, која поради сложеноста на проектот и неговата вредност траеше 55 дена, денес започнаа работите за ископ, замена на тлото во длабочина од 40 сантиметри и тампонирање. Во моментот подготвителните работи се изведуваат во рамки на првата фаза од реконструкцијата, на потегот од „Дејан Војвода“ до пресекот во близина на „Тубелес“.- велат од Општина Охрид.

По комплетно завршување на подготвителните работи, ќе следува поставување на два асфалтни слоја на коловозот, нови рабници како и изведба на тротоари на местата каде што е предвидено, врз основа на проектот и фактичката состојба на терен. – најави општината.
Локалната самоуправа уште еднаш упати апел до граѓаните за поголемо разбирање и трпение.
Станува збор за голем зафат, кој поради својата вредност, обемност и сложена динамика бил одложуван од сите претходни власти. Со релизицијата на овој проект се решава еден деценски инфраструктурен проблем и ќе се обезбедат подобри услови за жителите од овој потег во градот.- велат од Општина Охрид.
OhridNews











