Општина Струга започна иницијатива за отстранување на нефункционални возила од јавните површини.

Ослободување на јавните простори е чекор кон почист и пофункционален град. Нашата работа не завршува тука. Апелираме до сите граѓани да ги пријават возилата што сè уште не се отстранети и да соработуваат со институциите за оваа иницијатива да биде уште поуспешна, велат од Општина Струга.
Додаваат дека јавните простори се на сите и не треба да се узурпираат.
OhridNews















