Општина Струга ќе го плати долгот за електрична енергија на струшките основни училишта. Ваква одлука донесоа струшките советници на вчерашната седницата на Советот на општина Струга.

Со оваа одлука се  презема долгот од основните општински училишта за потрошена електрична енергија заклучно со 31-ви август 2015 година во висина од околу 34.000 евра или точно 2.140.989 денари.

Долгот се презема за општинските училишта: „Ашим  Агуши“ од Радолшта, „Зини  Хани“ од Велешта, „Единство“ од Октиси, „Браќа  Миладиновци“ од Струга, „Гоце  Делчев“ во Јабланица, „Орхан  Џемаили“ од Горно Татеши, „Свети Климент Охридски“ од Драслајца, „Јосип Броз Тито“ од Струга и „Гоце  Делчев“ од Подгорци.  

Поради исклучената струја, учениците од најголемото основно училиште во Струга „Браќа Миладиновци“, од 17-ти септември ја бојкотираа наставата по половина час, а часовите во училиштето се одвиваа по скратено време.

Инаку и во текот на минатата година општина Струга го презеде плаќањето на долгот за електрична енергија од околу 6.300.000 денари за струшките основни училишта и тој долг се плаќаше на рати.

OhridNews