Општина Струга соопшти дека во текот на наредните денови ќе започне акција за чистење на градот и ослободување на јавните површини од бесправно поставена урбана опрема. ​

Во рамки на оваа акција, локалната самоуправа упати повик до сите сопственици на тезги и друга опрема на кои им е истечена дозволата за користење на јавен простор, самостојно и во најкраток рок да ги отстранат своите реквизити. ​

Од Општината предупредуваат дека доколку сопствениците не постапат по ова известување, опремата што ќе биде затечена на јавните површини ќе биде отстранета од страна на општинските служби. ​

Апелираме до сите граѓани заеднички да се грижиме за нашиот град, да го одржуваме чист и уреден и да ги почитуваме јавните површини кои им служат на сите. Бараме разбирање и соработка со цел обезбедување чисти, слободни и пристапни јавни површини за сите граѓани, наведуваат во соопштение од Општина Струга.

OhridNews