Општина Струга соопшти дека во текот на наредните денови ќе започне акција за чистење на градот и ослободување на јавните површини од бесправно поставена урбана опрема.

Од Општината предупредуваат дека доколку сопствениците не постапат по ова известување, опремата што ќе биде затечена на јавните површини ќе биде отстранета од страна на општинските служби.
Апелираме до сите граѓани заеднички да се грижиме за нашиот град, да го одржуваме чист и уреден и да ги почитуваме јавните површини кои им служат на сите. Бараме разбирање и соработка со цел обезбедување чисти, слободни и пристапни јавни површини за сите граѓани, наведуваат во соопштение од Општина Струга.
OhridNews














