Со цел да се намалат количините на органскиот отпад на депониите и да се надмине проблемот кој го предизвикуваа остатоците од непродадениот зеленчук и овошје на струшкиот градски пазар, општина Струга започна со реализација на проектот за третман на органски отпад „SAFЕWASTE CYCLE“.

Проектните активности, кои стартуваа во јуни се финансирани од Програмата за прекугранична соработка на Република Македонија и Грција.

-Активностите на овој проект се координирани од ЈП „Комунално“ од Струга и од одговорните лица во Секторот за зеленило и Секторот за пазари на ова претпријатие. За потребите на проектот набавена е комлетна заштитна облека и алати за работа на ангажираните лица, информираат од струшката локална самоуправа.

Од таму најавија дека до крајот на овој месец се очекува да пристигнат контејнери како и специјален сет на машини за собирање и третман на органски отпад.

OhridNews