Целокупната постапка за донесување на општиот акт за Лагадин и издавањето на одобрението за градба на хотелскиот комплекс во населба Лагадин се водени во согласност со законски пропишаната процедура предвидена во Законот за градење и во Законот за просторно и урбанистичко планирање, потенцираат од локалната самоуправа по соопштението на Охрид СОС дека од страна на Државниот инспекторат за животна средина биле информирани дека општината го усвоила Општиот акт за Лагадин прекршувајќи ја својата законска обврска да спроведе оцена на влијание врз животната средина.
– Во врска со определени соопштенијата кои се појавија во некои медиуми, а се однесуваат на донесувањето на Општиот акт за Лагадин и издаденото одобрение за градба на Хотелски комплекс во населба Лагадин, општина Охрид во целост останува на искажаните ставови од прес конференцијата одржана на ден 27.12.2016 година, каде на јавноста и беа презентирани сите документи кои се составен дел од постапката, велат од локалната самоуправа.
Општина:Одобрението за изградба на хотелот во Лагадин е издадено во законски пропишана процедура
OhridNews












